Кинезите во Хрватска сакаат да изградат уште еден стадион овој пат во Горица.
Градоначалникот на Горица, Дражен Баришиќ, претседателот на ХНК Горица и членовот на извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Хрватска Ненад Чрнко започнаа изградба на спекаткуларен стадион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проектот е веќе испратен. Планирано е стадионот да има капацитет од 35.000 седишта од кои основниот дел би имал 19.600, а за поголемите натпревари би се отварало уште место за 15.400 гледчаи.
Стадионот би имал и 400 паркинг места со гаража, цената наводно може да достигне и до 105 милиони евра.
Горица потребите на стадионот ќе направи комплекс со академија, хотел и трговски центар. Првобитниот план е првиот натпревар на овој спектакуларен стадион да биде одигра на 15-ти октомври 2023 година.
Стадионот ќе го гради кинеската компанија „Z-Run WelTon Industry“.