Дома Македонски спорт Мак ракомет Кизиќ: Разликата не е голема за да се откажеме

Кизиќ: Разликата не е голема за да се откажеме

Изгледа тешко Еурофарм Пелистер да надополни четири гола негатива во Белорусија, сепак битолчани се надеваат на подобра игра од пред шест дена.

Кизиќ смета дека екипата добро се припремила за овој натпревар.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Загубивме, но не со голема разлика за да се откажеме. Напорно работевме неделава, нема што да загубиме, треба да се бориме и да се надигруваме. Можеме да стигнеме до позитивен резултат.

Мешков Брест е квалитететн тим. Сепак се четвртфиналисти на Лигата на шампионите. Имаат играчи од калибарот на Скубе, Кашпарек, Ваилипау. Имаат квалитетни индивидуалци, но не значи дека ние немаме доста квалитетни играчи и најважно ќе биде кој повеќе ќе сака да победи“, изјави Кизиќ.

Натпреварот помеѓу Е.Пелистер и Мешков се игра од 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…