Дома Фудбал Репрезентации Киелини се повлекува од репрезентацијата на Италија

Киелини се повлекува од репрезентацијата на Италија

Репрезентативецот на Италија и фудбалер на Јувентус Џорџо Киелини донел одлука за повлекување од националниот тим после завршувањето на оваа сезона.

Италија утре ќе игра натпревар против Турција во дуел на двете поразени екипи од плејофот, а последниот натпревар за Киелини во италијанскиот дрес ќе биде во јуни против Аргентина во мечот на европскиот шампион и шампионот на Јужна Америка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За националната селекција на Италија Киелини одигра 115 натпревари и постигна осум голови. Според најавите Киелини по завршувањето на актуелната сеозна ќе го напушти и Јувентус, а како наредна дестинација се најавува МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Едноокиот фудбалер ја осветли сцената на Африканскиот куп на нации

Буркина Фасо ја победи Гвинеја со 2:1 во првиот натпревар од групата Е на Африканскиот куп…