Дома Фудбал Италија Киелини искрено: Балотели не почитува никого, Мело е најлош од сите!

Киелини искрено: Балотели не почитува никого, Мело е најлош од сите!

Во последните години популарно е фудбалерите да објавуваат автобиографии, а тоа сега го направи и капитенот на Јувентус Џорџо Киелини.

Неговото дело под името „Ја Џорџо“ предизвика реакции затоа што Киелини беше остар кон некои негови соиграчи. Прстот го впери кон Марио Балотели и Фелипе Мело.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Двјацата ме разочараа и можам да потврдам се што напишав во книгата. Балотели е негативец кој никого не почитува, па ниту тимот. Некои луѓе го сметаа за еден од најдобрите пет напаѓачи во светот, но за мене тој не не е ниту во топ 20“.

Сепак, за Киелини Балотели не е најлош.

„Фелипе Мело е најлошиот помеѓу најлошите. Не можам да ги поднесам луѓето кој не покажуваат почит кон никого и кои секогаш одат контра. Додека беше тука атмосферата секогаш беше на работ на инцидент. На директорите им кажав дека тој е скапано јаболко во тимот“.

„Овие двајца ги поминаа сите граници. За мене не е проблем ако одиграш лошо или ако излезеш да се забавуваш, проблем е тој недостаток на почит“, изјави Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…