Дома Трансфер зона Кејлор Навас го „глуми“ Бејл и му прави проблеми на Реал

Кејлор Навас го „глуми“ Бејл и му прави проблеми на Реал

Костариканскиот голман Кејлор Навас судејќи според се ќе го напушти Реал Мадрид затоа што Зинедин Зидан не смета на него и го смета за вишок.

Меѓутоа Навас не сака така лесно да го напушти Реал и поставил услови кои „кралевите“ ќе треба да му ги исполнат ако сакаат да се ослободат од него.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Костариканскиот голман го изгуби статусот на прв чувар на мрежата кога во Реал дојде Тибо Куртоа иако беше во феноменална форма на стартот од сезоната. Со текот на времето Кејлор Навас и Тибо Куртоа ја делеа минутажата, а на крајот Зидан го извести Кејлор дека слободно може да си бара нов клуб.

Меѓутоа Навас со Реал има договор до 2021 година и еден од начините да си замине е некој за него да плати оштета. Но, тој има друга идеја. Навас сака да замине само во случај Реал да му исплати заработката која би требало да ја заработи според договорот до 2021 година.

Инаку, од својот нов клуб Навас бара договор на три години плата од седум милиони евра, тоа засега е спремен да му го овозможи пребогатиот ПСЖ. Проблемот е што во
тој случај клубот од Париз не сака да му плати оштета на Реал и поради тоа во „кралевите“ наводно размислуваат дали е паметно да се пушти одличен голман бесплатно во клуб кој може да им биде голем ривал во Лигата на шампионите.

Слични вакви услови постави Герет Бејл кој исто така на раководството на Реал му порача дека ќе си замине само ако клубот му го исплати целиот договор (51 милион евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…