Франк Кеси потврди дека го напушта Милан ова лето, а од пред извесно време е познато дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
Кеси како слободен играч ќе се пресели на „Камп Ноу“, откако не успеа да постигне договор со „росонерите“ за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот за врска истакна дека Скудетото е совршен начин да ја заврши 5-годишната авантура на „Сан Сиро“.
„Ова беа пет многу важни години во кои навистина се посветив на проектот. Среќен сум за градот, за клубот, за фановите, за тренерот, но и за мене и за моето семејство. Ова е последен месец од мојот договор тука, но во овие пет години успеавме да се вратиме во Лигата на шампионите и да го освоиме скудетото. Го направив тоа за што дојдов тука и ова е најдобар начин да се збогуваме“, истакна Кеси.