Јувентус ја освои осмата титула по ред во Серија А, но останува големата желба за Лига на шампиони.
На Јуве целта му беше трофеј во Европа со Кристијано Роналдо, но на крајот мораше да се задоволи со титулата во Италија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, искусниот играч на Старата дама, Сами Кедира смета дека овој успех не треба да се потцени.
„Тоа е нешто посебно, што не би требало да се земе здраво за готово. Тоа е голем успех.“ – изјави Кедира и додаде:
„Лигата на шампионите е една од целите на Јувентус, но тоа не е лесно. Седум или осум момци исто така сонуваат за тоа. Затоа, мора да прифатиме дека испаднавме, дури и ако тоа е болно, но ќе се обидеме да ја освоиме следната сезона“, најави германскиот фудбалер.
Навивачите на Јувентус со сигурност би менувале титула во Серија А за освојување на Лигата на шампионите на која чекаат долго време, Кристиано Роналдо беше доведен токму поради тоа, но оваа сезона холандски Ајакс им застана на патот во најелитното европско натпреварување.
Меѓутоа, тренерот Алегри не ги израдува навивачите кога неодамна порача дека главна цел на Јувентус и наредната сезона ќе биде одбрана на круната во италијанското првенство.
„Наша главна цел и наредната сезона ќе биде Скудетото. Ќе се бориме против миланските клубови кои се подобруваат, Наполи исто така расте, Рома и Лацио сигурно ќе се засилат во текот на летото“, изјави Алегри неодамна.