
Многу се пишуваше за иднината на германскиот фудбалер Сами Кедира, се очекуваше тој да го напушти Јувентус.
Јувентус се обидуваше да се ослободи од него и во текот на претходниот рок, но Кедира остана. Клубот се надева дека ќе се пронајде договор за негово заминување во јануари, меѓутоа сепак според неговата последна изјава тој ќе остане во Торино.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Кедира јасно кажа дека ќе остане до крајот на неговиот договор.
„Не си одам во јануари. Ќе го одработам мојот договор до крај, до јуни 2021 година“, изјави Германецот.
Очигледно не му пречи тоа што од доаѓањето на Пирло на клупата не одигра ниту еден натпревар за Јувентус.