Играчот за врска на Каљари, Николо Барела е новата ѕвезда во Серија А и со своите партии го привлече вниманието на најголемите италијански клубови.
Барела ги имапресионираше сите на Апенините, па најголемите италијански клубови го сакаат во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Каљари нема да се откаже лесно од својот „бисер“, па постави неверојатни услови за клубовите кои го сакаат.
„Барела заслужува подобра плата и нов договор. Ние како клуб сакаме да растеме, да се подобруваме и ќе направиме се за да го задржиме. Сепак, постојат понуди кои не можеме да ги одбиеме. Доколку некој понуди 50 милиони евра, ќе прифатиме“, изјави претседателот на клубот, Томасо Џилини.
Рома, Интер, Јувентус и Милан се заинтересирани за играчот, но тешко е да се поверува дека некој е спремен да плати толкава сума за 20-годишниот Италијанец.