Дома Фудбал Италија Кај Стротман се по „старо“, нова повреда на Холанѓанецот

Кај Стротман се по „старо“, нова повреда на Холанѓанецот

Холанѓанецот од редовите на Рома заработи нова повреда, а во римскиот клуб се надеваат дека не е ништо сериозно.

„Волчицата“ би можела скапо да ја плати победата над Милан на „Сан Сиро“. Кевин Стротман заработи повредна на бутниот мускул во првото полувреме од натпреварот и поради тоа нема да може да и помогне на репрезетнацијата на Холандија во квалификациите за претстојниот Мундијал.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Холандија ќе се обиде да го фати последниот „воз“ за Русија иако тоа нема да биде воопшто лесна мисија за земјата која на претходните два Мундијали завршуваше како трета и втора во светот.

Докторите на Рома после деталната анализа утврдиле дека повредата на Стротман за среќа не е од сериозен карактер, но сепак ќе мора да одмори поради ризикото од влошување на истата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хави Симонс „одлучи“ – Ништо од Арсенал, се договори со друг англиски гигант

Хави Симонс е еден од најталентираните фудбалери во моментов и ова лето е желба на многу е…