Катарците понекогаш добиваат луди планови, а еден таков сега е нивниот последен со фудбалската репрезентација.
Имено, тие имаат намера сите или колку што може повеќе играчи кои се репрезентативци да доведат во Еупен, тим кој се натпреварува во првата белгиска лига. Еупен е избран затоа што е спонзориран од голема фирма од Катар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Причината за нивниот ваков луд план е за селекцијата подобро да им се воигра за СП 2022 година.
Во прилог им оди и тоа што тренер на Еупен е Шпанецот, Сан Хозе Бењат, додека селекторот на Катар исто така е Шпанец, Феликс Санчез.
Тие сметаат дека на ваков начин би биле во значителна предност пред останатите селекции.