Дома Фудбал Англија Катарците ќе испратат нова понуда за Манчестер Јунајтед во среда

Катарците ќе испратат нова понуда за Манчестер Јунајтед во среда

Инвестициската група од Катар позади која стои шеикот Бин Хамад Ал Тани во среда ќе ја испрати втората понуда за Манчестер Јунајтед, пренесува „Скај Спорт“.

Според изворот двете страни поминале многу позитивни разговори минатиот четврток и кандидатите од Катар се убедени дека наскоро ќе постигнат договор со семејството Глејзер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Глејзер го проценува клубот на 6 милијарди фунти, но никој од кандидатите не стигна до таа сума со понудите. Меѓутоа, позицијата на Катарците се променила после средбата со раководството од „Олд Трафорд“.

Џим Ритклф, кој е другиот кандидат за купување на клубот, исто така ќе испрати нова понуда, но тоа ќе се случи следната недела. Британскиот милијардер исто така имаше разговор со раководството на клубот цели 6 часа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Повеќе нема дилема кој ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во светот

France Football на 22 септември во Париз ќе ја додели Златната топка за најдобар фудбалер …