Дома Фудбал Репрезентации Катарските медиуми „удрија“ по фудбалерите: Кошмарен почеток!

Катарските медиуми „удрија“ по фудбалерите: Кошмарен почеток!

На насловните страни во Катар денес се најде неуспехот на репрезентацијата на стартот на Мундијалот.

Поразот од Еквадор медиумите го оценија како кошмарен почеток за домашната селекција, а разочарувањето беше очигледно кога навивачите го напуштаа стадионот пред завршувањето на натпреварот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Арапскиот „Ал Раџа“ излезе со насловна страна „Тие се сопмнаа“, истакнувајќи дека фудбалерите биле далеку под нивото од кое очекувала јавноста.

Весникот „Ал Ватан“ изрази жалење за „цената на билетите во однос на слабоста на тимот, но ја спомена и големата одговорност и притисокот врз играчите.

Катарскиот дневен весник на англиски „Трибјун“ јавува и за „кошмарен почеток“ за репрезентацијата и за нервозата на голманот Саад ал-Шиб.

„Задачата ќе биде тешка за Катар, но начинот на кој тимот загуби од Еквадор беше доволен да ги разочара локалните навивачи“, изјави денеска „Голф Тајмс“.

Во второто коло на 25 ноември Катар ќе игра против Сенегал, а Еквадор против Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Може да направи трансфер од 150 милиони евра, а одморот го поминува на Балканот

Александер Исак, еден од најбараните напаѓачи во европскиот фудбал и важна фигура на Њикас…