Дома Топ вести Каталонците не сакаат повеќе да чекаат, спремаат „ПЛАН Б“?

Каталонците не сакаат повеќе да чекаат, спремаат „ПЛАН Б“?

Барселона е упорна, но Ливерпул никако да попушти, во текот на вчерашниот ден беше одбиена и четвртата понуда која пристигна на адреса на „Енфилд“ и која изнесуваше скоро 130 милиони евра.

Расплетот на ситуацијата би можел да заврши лошо и по едната и по другата страна. Бразилецот не ја крие желбата за трансфер на „Камп Ноу“ и е во лоши односи со Клоп, сепак „црвените“ и понатаму ги одбиваат понудите.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поголема понудата од вчерашната која како што споменавме изнесуваше скоро 130 милиони евра, тешко дека Ливерпул ќе добие, наводно на Барса и здодеало да чека па сега спрема нов план.

Во прашање е добриот пријател на Лионел Меси од редовите на ПСЖ, Анхел Ди Марија. Ѕвездата на Барселона смета дека Ди Марија во целост може да го надополни отсуството не Нејмар. Освен тоа, Ди Марија веројатно би бил и поефтина опција од Кутињо, па Барселона размислува и за фудбалерот на Ница, Жан Мишел Сери.

Сумата за овој 26 годишен фудбалер би изнесувала околу 30 милиони евра.

Покрај тоа, „срамежливо“ во медиумите се споменува и името на Пјер Емерик Обамејанг, но реално Габонецот е скоро невозможна мисија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …