Дома Топ вести Каталонија на нозе, ставен најскапиот автограм – Меси во Барса до 2021

Каталонија на нозе, ставен најскапиот автограм – Меси во Барса до 2021

messi

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси денес стави крај на сите шпекулации за својата иднина и го продолжи договорот со Барселона.

Преговорите помеѓу Барселона и Меси траеа неколку месеци, но на крајот двете страни успеаа да најдат заеднички јазик и денес Аргентинецот стави потпис на нов договор.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Меси се обврза на верност кон каталонскиот гигант до 2021 година, со можност истиот да биде продолжен на уште една година.

Откупната клаузула во договорот ќе изнесува 300 милиони евра, а медиумите тврдар дека Меси ќе биде најскапиот фудбалер на светот со годишна заработика од 35 милиони евра по сезона.

„Клубот е среќен што Меси го продолжи договорот бидејќи тој е најдобриот фудбалер во историјата. Целата кариера ја помина во Барселона со огромен успех и го постигна она што никој не можеше пред него“, стои во соопштението на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата со Халанд

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд сака да го напушти Манчест…