Дома Фудбал Останато Касиљас објасни зошто не е логично Роналдо да ја освои Златната топка

Касиљас објасни зошто не е логично Роналдо да ја освои Златната топка

Икер Касиљас имаше интересна објава на својот Твитер профил.

Поранешниот голман на Реал Мадрид кој сега е член на Порто, го прокоментира настанот кој наскоро ќе се случи – доделувањето на Златната топка.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Минатата година Лука Модриќ ја освои оваа награда и така ја прекина долгогодишната доминација на Меси и Роналдо, а оваа година би можела да биде навистина интересно.

Имено, Ван Дајк после одличната сезона во дресот на Ливерпул е главен фаворит заедно со Лионел Меси. За Икер Касиљас логично е некој од овие двајца да биде победник во изборот за Златната топка.

„Ван Дајк беше избран за најдобар играч од УЕФА. Меси од страна на ФИФА. Замислете ако Роналдо да ја добие Златната топка тогаш би ми изгледало дека насоките кои ги користиме во фудбалот, а кои одредуваат за тоа кој ќе победи баш и не се логични“, напиша Касиљас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Oливер Кан сака да го купи гигантот кој поминува тешки денови, одбиле 30 милиони евра

Легендарниот германски голман Оливер Кан наскоро би можел да стане сопственик на еден клуб…