Милан ќе биде многу активен во зимскиот преоден рок, веќе го договори трансферот на Лукас Пакета од Фламенго, но не мисли тука да застане.
„Росонерите“ во јануари сакаат да донесат уште еден играч за врска, но и додатно засилување во нападот, а се погледни се шпекулациите за враќање на Златан Ибрахимовиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Постои опција Милан да го донесе Ибра во јануари на 6-месечна позајмица до крајот на сезоната.
Поранешниот фудбалер на „росонерите“, Антонио Касано му порача на раководството веднаш да го доведат Швеѓанецот на „Сан Сиро“.
„Да сум на местото на Милан би го довел Ибра веднаш. Тој е играч од светска класа и прави разлика на теренот. Мислам дека и Гатузо ако постои можност ќе замине во Америка да го донесе во Милано“, изјави Касано.
Касано и Ибрахимовиќ играа заедно во дресот на Милан и го освоија последното Скудето на „росонерите“ во 2011 година.