Дома Фудбал Италија Касано до Серија А: Исфрлете ги Интер, Милан и Јувентус!

Касано до Серија А: Исфрлете ги Интер, Милан и Јувентус!

Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано зборуваше за Суперлигата и во таа порака побара трите италијански клуба кои се дел од основачите на новото натпреварување да бидат исфрлени од Серија А.

Касано јасно стави дека е апсолутно против ваквите „лиги на богати“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не можам ниту да замислам таков турнир. Големите треба да разберат дека фудбалот не е само нивни, малите не можат да се остават само така на страна. Во оваа ситуација најправилно е Интер, Милан и Јувентус да се исфрлат од Серија А. Нека си играат во нивна лига па ќе видиме што ќе се случи. Федерацијата мора да се спротистави, како и останатите во другите земји. Не смее да се дозволи 12 клубови, кои да се да го водат фудбалот“, порача Касано.

Истото од федерацијата го побараат и најголем дел од клубовите од Серија А на вчерашниот состанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сер Алекс Фергусон „има порака“ за Рубен Аморим што да прави со Гарначо по заканите за бојкот

Рубен Аморим би можел да се одлучи за некои многу остри тактики кои ги користеше сер Алекс…