Дома Трансфер зона Кариус ќе се жали во ФИФА: Сака веднаш да се врати во Ливерпул

Кариус ќе се жали во ФИФА: Сака веднаш да се врати во Ливерпул

Лорис Кариус е голман кој сигурно ќе остане запаметен по неговите грешки во финалето од Лигата на шампионите кога Ливерпул изгуби од Реал Мадрид.

Од тоа финале во 2018 година работите за Кариус тргнаа во надолна линија. Следуваше преминување во Бешикташ каде што пристигна на двегодишна позајмица. Турскиот гигант има право да го откупи неговиот договор, но како што стојат работите тоа нема да се случи.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Островските медиуми сега пишуваат дека Кариус би можел веднаш да се врати на „Енфилд“ бидејќи веќе испратил жалба до ФИФА затоа што Бешикташ не му исплатил неколку плати.

Овој 26 годишен голман се надеваше дека во Инстанбул ќе го пронајде мирот, меѓутоа тоа не се случи бидејќи правеше грешки на голот и во дресот на Бешикташ. До прекинот на актуелната сезона прими дури 46 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…