Дома Фудбал Англија Кариус ќе брани против Манчестер Јунајтед и тоа во финале?

Кариус ќе брани против Манчестер Јунајтед и тоа во финале?

Лорис Кариус се здоби со епитетот најголем киксер меѓу голманите откако неговата кариера тргна во надолна линија по финалето во Лигата на шампионите во 2018-та.

Реал Мадрид во таа година ја освои третата титула во низа во под водство на Зинедин Зидан, а Кариус не се прослави, тоа воедно беше и неговиот последен натпревар во дресот на Ливерпул и подоцна беше испраќан на разни позајмици.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Сега повторно е во Премиер лигата, а идниот викенд во Њукасл и како што стојат работите ќе мора да брани против Манчестер Јунајтед во финалето на Лига Купот. Тоа ќе биде прво финале за Њукасл во англиските купови по две децении.

Првиот голман на Њукасл Ник Поуп викендов заработи директен црвен картон и го чека суспензија поради која нема да може да брани во финалето, додека резервниот голман Мартин Дубравка нема право да брани затоа што во есенскиот дел беше на позајмица во Јунајтед.  

Така на голот ќе треба да застане Кариус или четвртата опција Марк Гилеспи кој има 30 години и нема многу настапи, па веројатно е поризична опција од поранешниот голман на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …