Тимот на Бешикташ денес го промовираше својот нов голман, Лорис Кариус.
Германскиот чувар не мрежата кој после финалето во Лигата на шампионите во Киев беше на насловните страни во светските медиуми поради катастрофалните грешки во Турција ќе се обиде да ја врати на вистинскиот пат својата кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кариус во Бешикташ пристигнува на позајмица од две години, а доколку одигра одреден број на на натпревари турскиот клуб и ќе го откупи неговиот договор.
„Му посакуваме добредојде на Кариус во нашето семејство. За нас ова е среќен ден. Им честитам на сите кои ни помогнаа трансферот да се реализра. Веруваме дека на крајот на сезоната ќе се радуваме на титулата“, изјави претседателот на Бешикташ на претставувањето на голманот.
Потоа свој коментар на трансферот даде и самиот голман.
„Многу сум среќен и возбуден. Доаѓам во клуб со голема традиција и одлични навивачи. Мојата цел е да победувам со новите соиграчи и да освоиме што повеќе трофеи. Поради две причини го избрав Бешикташ. Поради навивачите и поради тоа што луѓето тука покажаа огромна желба да ме ангажираат“, изјави Кариус.
Yeni Transferimiz Loris Karius İçin Vodafone Park’ta İmza Töreni Düzenlendihttps://t.co/oGf63xLHfP#Beşiktaş@LorisKarius pic.twitter.com/jPbJNmT3HK
— Beşiktaş JK (@Besiktas) August 29, 2018