Дома Фудбал Лига на шампиони Карвахал жестоко ги обвини младите играчи: Не го заслужувате овој дрес!

Карвахал жестоко ги обвини младите играчи: Не го заслужувате овој дрес!

Реал Мадрид вчера го доживеа најтешкиот пораз на домашен терен во Лигата на шампионите кога во последното коло од најелитното клупско натпреварување изгуби од ЦСКА Москва 0:3.

Солари за овој натпревар на терен се одлучи шанса да им даде на некои млади играчи, а Дани Карвахал кој беше капитен на Реал во овој дебакл најкритичен беше токму кон помладите колеги.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Пред три недели зборувавме дека младите играчи кои растат во Реал можат без проблеми да го носат дресот на првиот тим, но се покажа дека не заслужуваат место во првиот тим на Реал. Фрустрирани сме поради домашниот пораз, но завршивме први во групата и тоа е најважно“, изјави Карвахал.

Уште еден инцидент го обележи вчерашниот натпревар, а тоа е наводното одбивање на капитенската лента од страна на Иско. Шпанецот поради тоа доби свирежи од трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…