Игор Карачиќ беше најдобар играч на Вардар во победата над Мешков Брест и со тоа зарабори место во тимот на колото во Лигата на шампиони.
Карачиќ одигра маестрална партија која ја зачини со 11 постигнати голови, па не остана незабележана од медиа тимот на ЕХФ.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Ракометарот на Вардар е прогласен за најдобар лев бек на колото, покрај него во тимот се (Александар Вестби (Елверум), Мелвин Ричардсон (Монпелје), Михал Дашек (Висла), Ајденас Маласинскас (Мотор), Јаник Колбахер (Рајн Некар) и Бенџамин Буруќ (Фленсбург).
Видеото од најдобриот тим на колото можете да го погледнете ТУКА.