Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер изјави за британските медиуми дека „Црвените“ никако не смеат да дозволат Филипе Кутињо да го напушти „Енфилд“.
Кутињо е играч кој Барселона го посакува во овој преоден рок, особено по заминувањето на Нејмар, меѓутоа челниците на Ливерпул на сите понуди досега останаа имуни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓу оние кои се надеваат дека Ливерпул нема да попушти е и Џејми Карагер, легендарниот фудбалер на овој клуб и воедно аналитичар на Скај Спорт, кој меѓудругото истакна дека тоа би било убиствено за тимот.
„Ставот на клубот е дека Кутињо не е на продажба. Ливерпул слабо го одработи преодниот рок и не може себеси да си дозволи да го пушти Кутињо во Барселона“, истакна Џејми.
Со оглед на тоа дека се е поизвесно дека трансфер на Кутињо на „Камп Ноу“ нема да има, планот „Б“ на Барселона се вика Осман Дембеле. Каталонците како што се наведува преговараат со Борусија околу висината на обештетата и овој трансфер би требало да се официјализира во следните денови.