Легендарниот италијански стратег, Фабио Капело го заштити својот колега Маурицио Сари за одлуката да го извади Роналдо од игра во дербито против Милан.
Сари во 54-тата минута се одлучи на еден изненадувачки потег – го замени Роналдо. На местото на Португалецот Сари во игра го стави Паоло Дибала кој подоцна и го реши натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо веројатно и самиот не памети кога последен пат бил заменет во таа фаза (без самиот да побара). Измената секако не му се допадна, а тоа го покажа и пред камерите.
„Роналдо не играше добро, Сари го замени и со тој потег го доби натпреварот. Сепак, ме загрижува односот на Кристијано, фактот дека не седна на клупата, ниту се поздрави со тренерот, тоа е лоша слика за тимот, нешто што ја нарушува атмосферата. Ако си голем шампион, ќе се однесуваш како таков и кога не ти оди најдобро“, истакна Капело.
„Вистината е дека Роналдо нема издриблано противнички фудбалер веќе три години. Тоа веќе не се случува, додека ги гледаме Даглас Коста и Дибала како играат за себе и за тимот, креираат шанси. Ако јас бев Сари, ќе го оставев уште на полувреме“,додаде италијанскиот стартег.