Јувентус е во резултатска криза, тимот од почетокот на сезоната не е на нивото на кое очекуваа навивачите, а критики почна да добива и Масмилијано Алегри.
За викендот Јувентус беше поразен од Верона. Иако се критикува Алегри, поголемиот дел од стручните коментатори во Италија проблемот го лоцираат во фудбалерите. Искусниот Фабио Капело гостуваше во „РАИ“ каде што потенцираше дека Алегри ќе има тешка задача да ја спаси сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Го советував Алегри да не се враќа во Јувентус, му кажав дека тој ќе биде виновникот ако работите не одат како што треба, иако доаѓа во тешка ситуација. Мислам дека фудбалерите не го даваат максимумот, тоа може да се забележи. Јувентус е во една комплицирана ситуација и ќе има проблеми да се врати на посакуваните патеки“, изјави Капело.