
Тренерската легенда Фабио Капело не ги крие симпатиите кон напаѓачот на Интер Мауро Икарди.
Капело дури го советуваше својот поранешен клуб Реал Мадрид да направи напор да го донесе Аргентинецот на „Сантиаго Бернабеу“.
„Јас сум фан на Икарди. Ако бев во Реал Мадрид ќе го донесев веднаш“, истакна Капело.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Мауро е експерт за казнетиот простор. Таков беше Роналдо во неговата последна етапа во Реал. Ако му дадеш три топки во шеснаесетникот, ќе постигне три гола“, додаде Италијанецот.
Капело потоа зборуваше за престојното миланско дерби и дуелот Икарди – Игуаин.
„Гонзало многу ја подобри играта и не е класичен напаѓач кој само постигнува голови. Тој многу му помага на тимот и мислам дека во овој момент е покомплетен од Икарди бидејќи е поискусен“, смета Капело.
https://youtu.be/B9RMBHGRWt4