Дома Трансфер зона Канте не запира: За играчот заинтересиран еден од најголемите клубови во светот?

Канте не запира: За играчот заинтересиран еден од најголемите клубови во светот?

Н`Голо Канте освои две титули англиски шампион по ред во два различни клуба.

Прво, тоа успеа да го направи со Лестер, а сезона подоцна и со Челзи, каде што беа воодушевени од него уште од првиот ден. Французинот стана главен играч на „Сините“ и, колку што зборуваат статистиките во корист на другите, кој знае дали лондонскиот клуб би бил шампион да не го имаше Канте.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


26-годишниот фудбалер е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата, а според пишувањата на „Don Balon“, неговата одлична форма оваа сезона не помина незабележана од страна на големите клубови.

Реал Мадрид наводно е клубот кој е подготвен да го купи Канте, а менаџерот Зинедин Зидан на претседателот Флорентино Перез му кажал дека Канте би бил големо засилување и дека би требало да се обидат да дојдат до неговиот потпис.

Реал на таа позиција го има Касемиро, кој навистина добро ги врши своите задачи, но со Канте, Зидан сака да направи чекор напред, а потоа тоа ќе значи најверојатно и заминување на Касемиро.

Канте во Лестер пред две сезони пристигна за 5.6 милиони фунти од Каен, и во својата прва сезона со „Лисиците“ стигна до сензационалниот успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…