Португалскиот фудбалер Жоао Кансело е претепан и ограбен во својот дом во Манчестер.
Играчот на Манчестер Сити објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледаат расекотини на лицето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Денес бев нападнат од четворица кукавици, кои ме повредија и кои се обидоа да го повредат моето семејство. Ова се случува кога ќе им се спротивставите. Ми го зедоа накитот и ме оставија во ваква состојба. Не знам какви луѓе се тие. Најважно е што сме во ред, јас и моето семејство. По толку пречки во животот, ова е уште една која ќе ја пребродиме“, напиша Кансело.
João Cancelo on Instagram. pic.twitter.com/VtrkUcTiDr
— City Report (@cityreport_) December 30, 2021