Дома Македонски спорт Канатларовски: Со Ерменија сакаме победа дома, а против Украина да покажеме карактер и квалитет

Канатларовски: Со Ерменија сакаме победа дома, а против Украина да покажеме карактер и квалитет

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на почетокот на јуни ќе ги одигра двата последни квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2023 години во Романија и Грузија.

На 2. јуни, на Националната арена „Тодор Проески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„За претстојните квалификациски натпревари, повикани се неколкумина нови фудбалери кои се очекува да бидат носители на играта во наредниот квалификациски циклус и оние фудбалери кои во досегашниот тек од квалификациите беа стандардни и ги одиграа поголемиот дел од мечевите. Младите фудбалери кои се очекува да играат и во наредниот циклус, по квалификациските натпревари ќе бидат тестирани и на два контролни меча со селекцијата на Босна и Херцеговина. Очекувам од моите фудбалери да го дадат максимумот на секоја средба. Секој натпревар си има посебно значење, првиот дуел го играме против Ерменија, сакаме победа и добар резултат пред домашната публика. Во вториот меч од квалификациите против Украина очекувам да покажеме карактер, добра игра и квалитет, што ќе биде увертира за тоа што не очекува во следниот квалификациски циклус“.

Во групата Х од квалификациите за пласман на ЕП, лидер е Франција со 19 освоени бодови, Украина е на втората позиција со 13 бодови.

Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.

Списокот на повикани фудбалери за овој натпревар – ТУКА.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Марка тврди, ќе се напише историја: Шпанците ќе имаат 6 тима во Лигата на шампионите

Следната сезона Шпанија ќе има пет учесници во фудбалската Лига на шампионите, со можност …