Неизвесно финале денес во женскиот фудбал одиграа Канада и Шведска, а на крајот после пенали победата ја однесоа Канаѓанките.
И двете селекции имаа свои шанси, а на крајот пенал рулетот можеби беше и најправедниот начин да се одлучи победникот. До водство прва стигна Шведска во 34. минута преку Блекстениус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од тој момент Канаѓаните тргнаа напаѓачки со цел да се вратат во игра. Изедначувањето дојде од пенал во второто полувреме преку Флеминг.
Во финишот од натпреварот видовме неколку полушанси, но во тие моменти двете репрезентации повеќе мислеа како да не примат гол отколку да постигнат.
Најголемите шанси во продолженијата ги имаа Швеѓанките и тоа во последните пет минути. На крајот се дојде до изведувањето пенали, а таму подобра беше Канада.