Фудбалерот на Хајдук, Нико Кристиан Сигур одлучи да го промени спортскиот пасош и во иднина нема да може да игра за Хрватска.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сигур одлучи да гради кариера во репрезентацијата на Канада. Беше дел од младинските селекции на Хрватска, меѓутоа кога ја доби понудата од Канада се одлучи да ја прифати.
„Ми беше чест што можев да ја претставувам Хрватска која е велесила во светскиот фудбал. Сепак со текот на времето почувствував потреба да ја претставувам земјата каде што пораснав и каде што ја започнав кариерата“, изјави Сигур.
Дресот на репрезентацијата на Хрватска до 21 година торј го носеше на девет натпревари во изминатите 13 месеци.