Дома Фудбал Италија „Калчомеркато“: Гатузо експресно се договорил со новиот клуб!

„Калчомеркато“: Гатузо експресно се договорил со новиот клуб!

Џенаро Гатузо вчера потврди дека ја напушта клупата на Милан после 18 месеци и дека среќата ќе ја побара во друга средина.

Гатузо со Милан не успеа да се избори за место кое води во Лигата на шампионите, нешто кое беше прва цел оваа сезона. Веднаш после завршувањето на сезоната Гатузо соопшти дека си заминува бидејќи повеќе не може да го издржи големиот притисок. Гатузо при заминувањето се откажа од парите кои му следуваа во договорот и така покажа голема почит кон клубот.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Одлуката да го напуштам Милан не е лесна, но тоа е одлука која морав да ја донесам. Нема одреден момент кога се одлучив на ваков потег, но сега кога ќе погледнам назад во овие 18 месеци сфаќам дека е дојдено време нешто да се промени“, гласеше изјавата со која Гатузо се прости од Милан.

На клупата на Милан тој помина 18 месеци, а изјави и дека од доаѓањето на „Сан Сиро“ премалку спиел поради големиот притисок. Инаку, Гатузо имаше договор со Милан на уште две години.

Меѓутоа, изгледа дека Гатузо нема да помине долг период без ангажман. Италијанските медиуми денес објавија дека Гатузо постигнал договор со Сампдорија.

Според реномираниот италијански сајт „Калчомеркато“ Гатузо и Сампдорија се договориле за соработка на три години и се биде требало да биде објавено во наредните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…