Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стигна до осминфаинелто на ИТФ фјучерс турнирот во Мадрид кој се игра на тврда подлого.
По голема борба од скоро два часа (1:50), Ивановски во клучните моменти прикажа подобра игра и заслужено славеше против Французинот Дешамп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одлучувачки во првиот сет беше единаесетинот гем каде што Калин се избори за брејк, а потоа го потврди со 7:5. Во вториот Македонецот освои гем на сервис на противникот и со сигурна игра го приведе натпреварот кон своја корист.
Во борбата за пласман во четвртифиналето Ивановски ќе се сретне против домашниот тенисер Милино, мечот се игра утре со почеток од 10:00 часот.