Дома Фудбал Италија Калабрија се извини за прославата после дебаклот од Аталанта

Калабрија се извини за прославата после дебаклот од Аталанта

Фудбалерот на Милан, Давиде Калабрија се извини за прославата на роденденот по катастрофалниот пораз од Аталанта во неделата.

Калабрија после тој пораз направи роденденска прослава, па доби лавина на критики од навивачите на Милан.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Имам целосна одговорност и им се извинувам на оние што индиректно ги навредив, но тоа не беше мојата цел. Забавата беше организирана од многу одамна. Мојот роденден е 6 декември, но решив да го славам на 22 декември, кога започнаа зимските празници. Никој не можеше да предвиди таков пораз“.

„Покрај играч, јас сум исто така личност, како и сите вас. Се забавував затоа што тоа беше мојата роденденска забава, притоа скоро никогаш не поминав вечер заедно со сите. Затоа, нека бидат сите разумни и чувствителни. Конечно, сакам да истакнам, бидејќи некој ја доведе во прашање мојата заложба за овој клуб, никој не е „миланез“ повеќе од мене“, се огласи Калабрија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …