Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Франк Кеси.
Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот договор истекува во 2022 година, но Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси на лето ќе влезе во последната година од договорот.
Малдини веќе имал средба со агентот на Франк Кеси и му понудил нов тригодишен договор тежок 4 милиони евра по сезона плус бонуси.
Самиот фудбалер сака да остане во Милано, па се очекува двете страни брзо да постигнат договор.
Покрај Кеси, договор за продолжување на соработката со „росонерите“ постигна и Давиде Калабрија, кој оваа сезона игра одлично.