Српскиот фудбалер Лука Јовиќ на тренинзите во Реал се врати повреден.
„Кралевите“ започнаа да тренираат минатата недела откако играчите и членовите на првиот тим го поминаа тестирањето, но веднаш следуваше шок. Јовиќ на првиот тренинг ја влоши повредата која ја заработил дома, па сега го очеку околу три месеци пауза.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Прегледите покажаа дека тој го скршил стаполото. Докторите на Реал се убедени дека таа повреда е од претходно. Сега за српски „Курир“ зборуваше извор близок на семејството.
„Се повреди прилично лошо. Падна од еден ѕид дома, не знам како да објаснам и мене не ми јасно како успеа. Во главно, се се случи случајно“, изјави за „Курир“ извор близок на семејството Јовиќ.
Јасно е дека Јовиќ не се повредил на тренингот на „кралевите“, ова повреда веројатно значи и дека ја завршува својата авантура во Реал бидејќи од поодамна се поврзува со заминување.