Аргентина синоќа на Маракана го победи Бразил со 1:0 во финалето на Копа Америка и со тоа стигна до првиот наслов после 1993. година.
Единствениот погодок на натпреварот го постигна Ди Марија после катастрофалната реакција на бразилската одбрана. Бразил притискаше и бараше изедначување, но Аргентина издржа, а Лео Меси го освои првиот трофеј со Аргентина во кариерата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Веднаш после завршувањето на натпреварот започна големо славје на Аргентинците. Во еден момент покрај нив помина расплаканиот Нејмар кој Меси го забележа и тргна да му даде утеха. Меси долго го тешеше својот поранешен играч од Барселона кој не можеше да ги запре солзите поради поразот на домашен терен.
Messi took a moment to console Neymar during the celebrations 💙
— ESPN FC (@ESPNFC) July 11, 2021
(via @esport3) pic.twitter.com/ONwC3cCV27