Дома Фудбал Останато Како Ферги го понижил Погба: Дури Рафаел и Парк играа во средина, а потоа го врати Сколс

Како Ферги го понижил Погба: Дури Рафаел и Парк играа во средина, а потоа го врати Сколс

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба објасни дека поминувал низ тежок период во неговиот прв мандат на „Олд Трафорд“.

Францускиот играч за врска израсна во Јунајтед, но не добиваше шанса кај Сер Алекс Фергусон и затоа во 2012 година се пресели во Јувентус без оштета. Тоа заминување на Погба се покажа како голема грешка, а ја поправија така што неколку сезони подоцна го вратија за 105 милиони евра.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Погба сега зборуваше моментот кога се чувстувал понижено од Ферги.

„Беа тоа тешки моменти за мене поради се што се случуваше. Сер Алекс Фергусон за мене е најдобар тренер на сите времиња, но факт е дека ме повреди. Бев последна опција за него. Тогаш дури Рафаел и Парк играа во средниот ред, а мене ме немаше никаде. Тој дури одлучи да го врати Сколс од пензија и тоа за мене беше понижувачки“.

„Тогаш срцето ми беше скршено. Знаев дека морам нешто да променам и затоа отидов во Јувентус. Беше тешка одлука бидејќи морав се за да започнам од нула. Но знаев дека тоа е вистинскиот пат и се покажа дека не погрешив. Мило ми е поради тоа“, раскажа Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навреди кон Фоден, Пеп вели – недостаток на класа, тоа не е Јунајтед

Дербито на Манчестер не го одбележаа ниту добри шанси ниту убав фудбал. Голови немаше, но …