Дома Трансфер зона Како ли преговараат во Јувентус? Де Лихт можат да го добијат за сума многу помала од најавената!

Како ли преговараат во Јувентус? Де Лихт можат да го добијат за сума многу помала од најавената!

Управата на Јувентус и ова лето работи одлично и нивниот тим навистина изгледа моќно.

Иако на големо се пишуваше за доаѓањето на Де Лихт во Јувентус официјална понуда се до денес немало.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите од Италија, Јувентус конечно го направил и тој последен чекор за купување на капитенот на Ајакс.

Јувентус понудил околу 58 милиони евра за услугите на одличниот стопер. Ајакс доколку ја прифати понудата веднаш би добил 49 милиони евра, додека преостанатата сума Холанѓаните би ја добиле преку бонуси.

Оваа понуда е многу помала од онаа за која се шпекулираше во медиумите. Претходно се најавуваше дека Јувентус ќе го купи Де Лихт за сума помеѓу 70 и 80 милиони евра. Доколку Јувентус го добие Де Лихт за таа сума (49+9 милиони евра) тоа ќе биде уште една одлична зделка на клубот од Торино познавајќи ги денешните услови на трансфер пазарот.

Кога станува збор за преговорите помеѓу Де Лихт и Јувентус тука е се завршено. Јувентус со Раиола се договори за петгодишен договор и плата од 11 милиони евра по сезона.

Како единствен клуб кој може да му направи проблем на Јувентус наводно е Пари Сен Жермен додека Барса од поодамна веќе не се поврзува со името на Де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус продаде напаѓач за 18 милиони евра, а ќе го доведе братот на фудбалерот на Интер

Како што стојат работите, Јувентус го продаде својот напаѓач, Моизе Кин во редовите на Фио…