Еден од најдобрите преодни рокови, барем по доведените имиња го одработи турскиот гигант Галатасарај.
Потрошија само 2.4 милиони евра , а успеаа да додведат 12 играчи и на нивната листа има некои и тоа како познати имиња. Најзвучното име секако е Радамел Фалкао од Монако кој пристигна бесплатно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако има 33 години и понатаму може да игра фудбал на високо ниво. Во Инстанбул Колумбиецот беше дочекан како вистинска ѕвезда од страна на 25.000 навивачи.
Без оштета во Галатасарај пристигнаа уште: Рајан Бабел, Окан Кучук, Џими Дурмаз, Тјлан Антајали, Сенер Озбајракли и Адем Бујук.
На бесплатна позајмица пристигна и светскиот шампион со Франција Стивен Нзози. Жан Мишел Сери дојде од Фулам на позајмица за 1.5 милион евра, за позајмицата на Марио Лемина турскиот гигант ќе плати еден милион евра.
Од Премиер лигата го доведоа на позајмица и Флориан Андон од Брајтон. За тој напаѓач на Брајтон му платија 700.000 евра за позајмица. Емре Мур од Селта го позајмија за 600.00 евра. На крајот направија само два комплетни трансфери.
The Winner of the European Transfer window is without a doubt Galatasaray. Lemina is now done too. All of these namesnfor 2.4 Million Euros. 7-8 globally known players with Superstar Marquee signings like Falcao. Credit where due pic.twitter.com/YZVKGQnms1
— Magneto Mus (@MagnetoMus) September 2, 2019