Вардар вчера претрпе тежок пораз од Кил во отварањето на вториот дел од Лигата на шампионите.
Црвено-црните не одиграа толку лош натпревар, Вардар се надигруваше со Кил 45 минути, а се сруши во последните 15. Скапо беа платени промашувањата на Дибиров. Што му е потребно сега на Вардар за обезбеување нокаут фаза?
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И понатаму Вардар е во добра позиција за пласман во следната фаза и се би можело да биде решено во наредното коло кога Мотор Запорожје гостува во „Јане Сандански“. Доколку Мотор слави против Мешков, тоа ќе значи дека победа на тимот на Алушевски (15.02) ќе го одведе во нокаут фазата.
Таму Вардар ако го задржи актуелното шесто место ќе игра против третопласираниот тим од другата, во овој момент тоа е ПСЖ. Освојувањето на евентуално петтата позиција за Вардар ќе значи и далеку полесен ривал. Тоа би можел да биде дански Олборг.