Манчестер Јунајтед би можел да биде ослабен во утрешниот дуел против Ливерпул.
Утре од 13:30 на програмата е најголемото дерби во англиското првенство, Манчестер Јунајтед на домашен терен го пречекуваат Ливерпул, ќе биде тоа директна битка за втората позиција.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
Таквата борба за второто место би можела да помине без најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.
Вечерва се поавија информации дека Пол Погба е повреден, дека утре ќе има тест според кој ќе се дознае дали е подготвен да игра во дуелот против Ливерпул. Како што се наведува, поголеми се шансите дека нема да се појави.
Од клубот се уште никој не се огласи по овој повод, а деталите ќе бидат познати пред почетокот на мечот.