Легендарниот фудбалер на Милан, Рикардо Кака пристигна во Милано со цел да превземе една од директорските позиции во таборот на „росонерите“.
Рикардо Кака помина седум години во Милан и своите најдобри денови од кариерата ги помина токму тука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По слетувањето во Милано Кака не го криеше воодушевувањето, иако се уште не е дефинирано каква ќе биде неговата улога во клубот.
„Многу сум среќен секогаш кога доаѓам тука. Го гледав натпреварот против Наполи и се надевам дека Милан ќе има добра сезона. Зборував со Леонардо, ние сме добри пријатели, но се уште не сме донеле одлука каква функција ќе имам“.
„Ќе го гледам и натпреварот помеѓу Милан и Рома и очекува победа на Милан. Многу сум среќен бидејќи Гатузо е тренер. Секогаш беше одлучен и поседуваше победнички менталитет. Сега се надевам дека заедно ќе успееме да го вратиме овој клуб онаму каде што припаѓа“, изјави Кака.