Легендарниот Кака е еден од поранешните светски шампиони кој за време на Мундијалот е во Катар каде што ги следи настапите на бразилската репрезентација.
Сега Кака даде и една изненандувачка изјава во која порача дека многу Бразилци не го почитуваат доволно Роналдо, односно дека „Феноменот“ е повеќе почитуван во другите земји отколку во својот Бразил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Можеби ќе ви звучи чудно, но многу Бразилци не навиваат за Бразил. Ако вие го видите Роналдо како шета во близина на вашата куќа ќе си речеат „вау тоа е Роналдо“, но ситуацијата не е таква во Бразил.
Таму ќе речат само – дебелиот човек што шета по улица. Не кажувам дека не го ценат, има многу кои го сакаат Роналдо, но начинот на кој го гледаат во Бразил и на друго место е многу различен. Моја проценка е дека многу повеќе го ценат на страна“, објасни Кака.
Кака откри и дека Нејмар се критикува.
„Многу луѓе во Бразил зборуваат сега за Нејмар, но на негативен начин. Можеби е поради неговите политички гледишта, меѓутоа јас сметам дека е повеќе затоа што ние Бразилците понекогаш не го препознаваме талентот“, истакна славниот Бразилец.