Рикардо Кака одговараше на интересни прашања од страна на фановите на офицјалниот сајт на Инстаграм профилот на ФИФА.
Кака во главно зборуваше за неговата најдобра етапа од кариерата која ја помина во редовите на Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Милан Кака играше во најдобра форма и стана најдобар играч во светот. После Милан направи трансфер во Реал Мадрид меѓутоа таму не беше ниту блиску до формата со која играше во Милано.
Поради тоа нема сомнеж дека најдобрите денвои Кака ги мина во црвено-црниот“ дрес, но исто така призна и дека има момент кој нема да го памети по добро.
„Најдобар момент не можам да изберам само еден затоа што имаше навистина повеќе. Освојувањето на Лигата на шампионите во 2007 година, светското клупско првенство, „Златната топка“ и наградата од ФИФА за најдобар играч. Но, исто така и најлошиот момент во кариерата го доживеав како „росонер“. Инстанбул 2005 година, не можам да кажам ништо повеќе од тоа“, изјави Кака.
Кака секако алудираше на болниот пораз од Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите кога Милан на полувремето имаше 3:0, а на крајот не го освои трофејот.