Дома Актуелно Казорла се враќа во Шпанија, а со него во пакет оди и Кокелан?

Казорла се враќа во Шпанија, а со него во пакет оди и Кокелан?

Искусниот и малку заборавениот играч за врска на Арсенал, Санти Казорла наводно е се поблиску до враќање во Шпанија.

Валенсија сака да се засили и има намера да ги купи двајцата играчи на Арсенал, односно во пакет да ги доведе Казорла и неговиот соиграч, Френсис Кокелан. Казорла е една година надвор од теренот поради проблем со петата, но наскоро би требало повторно да заигра, а во Валенсија веруваат дека е доволно добар за да извлече товарот оваа и можеби следната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Валенсија, Марселино со Казорла сораборуваше додека двајцата беа членови на Рекреативо Уелва. Валенсија е подготвена да плати 15 милиони евра, а со Казорла го сака и 26-годишниот француски играч, кој за разлика од Казорла сепак има повеќе дефанзивна отколку офанзивна улога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…