Дома Фудбал Казната потврдена: Атлетико не смее да купува играчи ова лето!

Казната потврдена: Атлетико не смее да купува играчи ова лето!

Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја одби жалбата на Атлетико Мадрид, по повод забраната на ФИФА за регистрација на нови фудбалери, што значи дека „јорганџиите“ нема да можат да бидат активни на трансфер пазарот се до јануари 2018 година.

Атлетико Мадрид од страна на ФИФА доби забрана за трансфери во два трансфер периоди бидејќи ги прекршил правилата при трансферите на млади фудбалери. Мадридскиот клуб најпрвин одлуката ја обжали пред ФИФА, а откако истата беше одбиена, се жалеше и до ЦАС. Судот чие седиште е во Лозана исто така ја одби жалбата на „јорганџиите“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


По повод забраната за траснфери во летниот преоден рок, веднаш се огласи Атлетико Мадрид и оваа одлука ја нарече неправедна.

„Оваа одлука е неправедна во однос на сличните случаеви и на клубот ќе му нанесе непоправлива штета“, стои во соопштението.

Атлетико казната ја заработи во иститот период кога ФИФА го казни и мадридски Реал, но ЦАС во декември ја прифати жалбата на „кралскиот“ клуб и му ја преполови забраната, што значи дека Реал во летниот преоден рок ќе биде активен на пазарот.

Најновата одлука на Судот во Лозана ќе го доведе во прашање трансферот на Антоан Гризман во Манчестер Јунајтед, иако клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да ја плати откупната клаузула од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…