Патрик де Костер, агент на ѕвездата на Манчестер Сити Кевин де Брујн ја коментираше евентуалната суспензија на „граѓаните“ во Лигата на шампиони.
УЕФА го казни Манчестер Сити со двегодишна суспензија од Лигата на шампиони, „граѓаните“ се жалеа, а за утре се очекува конечна одлука.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Медиумите шпекулираа дека евентуалното неиграње во Лигата на шампиони може да го натера Де Брујн да го напушти „Етихад“.
„Во моментов воопшто не сме загрижени за тоа. Кевин има тригодишен договор со тим од светска класа. Тој е во клуб и град каде се чувствува добро и е ценет. Воопшто не размислува за трансфер. Во фудбалот секогаш има интерес за квалитетен играч, било да е Де Брујн, Меси, Роналдо или Гризман“, изјави агентот на Белгиецот.