Дома Топ вести Каењето на Нејмар главна тема во Каталонија – кои се причините „за“ и „против“ враќање на Бразилецот…

Каењето на Нејмар главна тема во Каталонија – кои се причините „за“ и „против“ враќање на Бразилецот…

neymar

Шпекулациите низ медиумите се врат во текот на целиот ден, извори од клубот го соопштија ставот на Барселона, навивачите имаат свое мислење, кои се причината „за“ и „против“?

После веста дека Нејмар сака да се врати во Барселона, се појавија многу информации за тоа дали Барселона би била заинтересирана да го врати.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонските медиум од инсајдерски извори од клубот тврдат дека Барселона не е ниту „за“, ниту „против“.

„До 2019 година многу работи можат да се случат, кој знае какви се промени ќе настанат. Секако дека сумата од 400 милиони не е прифатлива, а и не веруваме дека ПСЖ би го пуштил“,изјави за „Мундо Депортиво“ извор од клубот.

Некои структури на Барселона смеаат дека Нејмар само ги користи за да го примора Реал Мадрид да реагира побрзо и да го доведе ова лето.

Навивачите, барем две третини од нив се против. Јасно, ова сега изгледа најреална опција, но од друга страна пак прашање е какво би било нивното мислење доколку навистина на Барселона и се укаже шанса да го врати Нејмар.

Некои аналитичари сметаат дека Барселона треба да е луда да не искористи таква прилика. Според нив тоа би значело дека клубот повторно би го имал најдобриот играч после Меси. Така Пабло Пањас тврди дека би биле решени проблемите и Барса би имала нов лидер после Меси. Додека за Гризман смета дека повеќе е замена за Суарез отколку што може да го надополни отсуството на Нејмар.

Габриел Санс уште еден колумнист, тој е против враќањето. Тој смета дека Барса оди во нов правец и дека треба да пронајде нов идентитет, а не да се враќа на старото. Дури верува и дека со Нејмар би биле посалби, бидејќи Валверде не би можел да го форсира својот систем кој го наметна и кој е поинаков од оној на Енрике.

За тоа дали после Меси, Нејмар би бил прва ѕвезда овој аналитичар не го разгледува бидејќи не е сигурно дали тоа место автоматски му припаѓа на Нејмар бидејќи Меси е многу подобар играч од него. За Санс исто така носталгијата не значи ништо – да сакал и имал такви амбиции ќе останел во Барселона.

Да ја погледенеме и реалната ситуација од ова точка.

Изгледа од оваа приказна нема ништо, Барселона не би имала пари за враќање на Нејмар, а исто така веројатно и не им е потребен кога тимот е во фаза на реновирање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…